Во Шкрињари во близина на Бјеловар, една голема куќа е празна со децении и внесува немир и паника. Никој не сака да ја купи бидејќи локалните жители велат дека духовите ја прогонуваат куќата.
Жителите на малото село велат дека тие што влегле во куќата во текот на ноќта чуле чудни звуци. Оние кои имале храброст и отишле во неа тврдат дека слушнале стапалки и треснување на врати, а виделе и силуета на жена и дете, некои тврдат дека чуле плач на бебе и врисоци. Некои посетители слушнале извици од бунарот во близина на куќата каде според приказните се удавила девојка, а постојат гласини и дека жената што вреска била убиена таму и зацементирана во темелите.
– Девојката и јас дојдовме до куќата и со камера го снимавме дворот и прозорците на куќата. Одеднаш видовме на камерата во позадина силуета на жена, а потоа се претвори во силуета на дете. Мојата девојка врисна и избегавме – изјави за 24sata.hr Томислав Ковачевиќ од Вировитица кој ја посетил “опседната куќа” тој до редакцијата испратил дел од фотографиите кои ги направил