Претседателот на Бразил, Мишел Темер, ја напуштил претседателската резиденција десетина дена по вселувањето поради тоа што во неа „имало лоши вибрации“.
Темер со сопругата Марсела и 7-годишниот син ја напуштиле раскошната палата Алворада и сега ќе живеат во поскромна резиденција што е наменета за потпретседатели.
– Почувствував нешто чудно. Не можев да спијам, енергијата не беше добра. Марсела го почувствувала истото. Само на синот, кој трчаше наоколу, сè му се допаѓаше – изјавил претседателот на Бразил.
Иако тој на шега рекол дека семејството се плашело да не се појават и духови, медиуми објавуваат дека првата дама на Бразил повикала свештеник за да ја прочистел куќата од зли духови.
Темер ја презема функцијата во август, по разрешувањето на Дилма Русеф поради корупциски скандал.