ДУИ и ДПА ги повикаа сите граѓани да бидат мирни и да се воздржат од акти на насилство.
“Сите граѓани имаат право да протестираат и да ги искажат своите ставови мирно, но не и да се вклучуваат во деструктивни и насилни акти”, посочуваат Демократската унија за интеграција.
Партијата ги повикува надлежните институции да се справат со овој судски случај почитувајќи целосно сите меѓународните стандарди. Ваквите реакции доаѓаат по најавите на социјалните мрежи за одржување на протести по петочната молитва во џамиите, особено со оглед на ескалирањето на протестите минатата недела.
“Земајќи ги предвид унифицираните апели на меѓународната заедница во земјата, Демократската партија на Албанците, силно ги повикува сите граѓани да бидат смирени и да се воздржат од акти на насилство”-порачуваат од ДПА.