ДУИ ја донесе одлуката – Македонија вечерва добива нова Влада?


ДУИ и Али Ахмети веќе ја донеле одлуката. Според информациите кои ги јавуваат голем број портали кои известуваат на албански јазик и важат за блиски до интегративците, веќе паднал договор за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и во текот на вечерта се очекува одлуката и официјално да биде потврдена од страна на највисокото партиско тело.ahmeti

Согласно Статутот на ДУИ, Ахмети има овластување сам да донесе одлука, откако го одби токму од Централното претседателство.
За сега не се откриваат детали од договорот меѓу Груевски и Ахмети.
За информацијата се уште нема официјална потврда од ниту една од двете политички партии кои освоија најмногу гласови на изборите на 11 декември минатата година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1