ДУИ со иницијатива за уставноста на одлуката за распуштање на Парламентот


Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска поднесе Иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

Портпаролот на партијата Бујар Османи за МИА соопшти дека до судот е доставена иницијатива за преиспитување на уставноста на одлуката за распуштање на Парламентот.dui-1

Доколку Уставниот суд ја прогласи одлуката за неуставна, би се овозможило Собранието повторно да заседава.

Претходно денеска во изјава за медиумите лидерот на партијата Али Ахмети информираше дека ДУИ има иницијатива за свикување на Собранието.

Ахмети за тоа денеска го информирал и специјалниот пратеник на Германија Јоханес Хајндл, и по средбата во изјава ги повика сите политички партии да ја поддржат нивната иницијатива со цел да се најдат начини за решавањето на политичката криза. Рече дека се во контакт со другите политички партии, а се консултираат и со правни домашни и странски екперти како да се свика Парламентот. Според лидерот на ДУИ, избори на 5 јуни нема да се одржат, зашто не постојат услови за тоа.

– Бараме начини како може повторно да се свика Собранието на Република Македонија. Го информиравме Хајндл дека ги преземаме сите мерки, во согласност со консултациите со правните експерти од земјата и странство како Собранието повторно да се стави во функција. Кога ќе проработи Собранието, ќе се отворат многу други прашања, изјави Ахмети по средбата со специјалниот германски пратеник за Македонија.

Демократскиот сојуз, пак, денеска потсети дека Уставниот суд на 18 февруари оваа година донел решение со кое ја отфрлил нивната иницијатива за распуштање на Парламентот со одложена примена, прогласувајќи се дека не е надлежен да одлучува по неа.

– Имајќи го во вид ова, сметаме дека повторните обиди, Уставниот суд, да донесе одлука за поништување на Одлуката за самораспуштање на Собранието е само губење на време, се наведува во соопштението од партијата. Од таму сметаат дека постојат Уставни и Деловнички можности да се свика итна седница на Собранието, на барање на најмалку 20 пратеници. Такво барање, како што наведуваат од ДС, е веќе доставено до претседателот на Собранието 14.04.2016 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1