ДУИ со официјален став за учеството во изборите


ДУИ нема да учествува на изборите на 5 јуни. Партискиот портпарол Бујар Османи во изјава за Press24 вели дека неговата партија нема да поднесе кандидатски листи во рокот предвиден од Државната изборна комисија, кој истекува ноќеска на полноќ.izbori livcinja

Ставот на СДСМ е дека нема да учествува на изборите и нема да поднесе кандидатски листи. И партискиот шеф Заев денеска е во посета на Хрватска. Вчера, тој своето неучество на изборите го оправда со изјава дека не се појавува пред граѓаните бидејќи ќе победи, а победата нема да му биде признаена.

„Ако се оди на нерегуларни избори тие можат да бидат непризнаени и од Никола Груевски, имајте го тоа во предвид. Опозицијата е во моментот е убедена дека ако оди на избори ќе победи и ќе ја добие поддршката. Но, тие избори може да бидат непризнаени и од Никола Груевски и од Али Ахмети како претставници на власта. Зошто? Затоа што нема услови за регуларни, фер и демократски избори. Едноставен е одговорот.“ – вели Заев

Во ДПА владее вистински молk. Веќе неколку дена од Тетово не одговараат на нашите прашања. Освен неофицијални информации дека партијата ќе ги следи директивите кои доаѓаат од меѓународните претставници, ништо не доаѓа до новинарите. Според тие информации, ДПА, најверојатно нема да поднесе кандидатски листи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1