Двајцата градежници кои се тешко повредени на градилиште во Куманово се примени на Клиниката КАРИЛ во Скопје и се на апарати за дишење.
-Двајцата пациенти се примени и згрижени. Приклучени се на апарати за дишење. Не се свесни. Во тек се анализи за степенот и карактерот на повредите. Се вршат сите потребни анализи и испитувања, изјави директорката на Карил, др Маја Мојсова за Телма.
Десеттемина работници имале тешки повреди на градниот кош, на белите дробови и на рбетниот столб.
Тие се здобиле со поредите при изведување на градежни активности на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „АВНОЈ“ во Куманово, информираат денеска од Општата болница Куманово, а случајот го потврди и СВР Куманово.
Од СВР Куманово потврдија дека кај нив е пријавен случај дека има повредени градежни работници и информираа дека екипите се на терен и вршат увид.