Двајца полицајци од сообраќајна полиција Петровец се заразени од Ковид-19. Петмина вработени во МВР се заразени од коронавирусот. Состојбата им била потврдена за време на викендот, по што од Комисијата за заразни болести биле направени интервјуа со сите вработени во станицата, по што на 14 вработени им била препорачана самоизолација.
Претходно кај уште тројца вработени во МВР имаше позитивен тест, со што бројот на вработени во Министерството кај кои е регистриран Ковид-19 е вкупно пет лица.