Новите пет споменици кои ќе бидат поставени во центарот на Скопје, се со одлука на претходниот состав на Советот на општина Центар, јави НОВА.
Се работи за два или три споменици на албански херои, а останатите се македонски дејци, јави порталот, повикувајќи се на извори во советот.
Оваа одлука е донесена истовремено кога Управниот суд ги носел одлуките за поништвање на победата на Андреј Жерновски во вториот круг за Општина Центар.