Фросина Ременски во анкетниот лист кој го доставила до Државната комисија за спречување корупција кога станала пратеник, како заеднички имот со сопругот пријавила куќа во Скопје, од 300 метри квадратни, како и земјиште од 483 м2, исто така во Скопје, стекнати со договор за купопродажба.
Како личен имот, пак, пријавила земјиште (470 м2) и куќа (90 м2) во Крива Паланка, кој ги добила како подарок.
Нејзиниот сопруг вози „БМВ“ од три илјади евра и „веспа“, а тие имала два кредити од по 10 илјади евра, кои требало да ги отплати минатата година.
Ременски е осомничена во проширената истрага за Рекетот откако обвинителството објави официјално дека гони и функционер за вмешаност во скнадлот со пари на Меѓународниот сојуз.
Ременски инаку имаше и фукција почесен претседател на Меѓуанродниот Сојуз кој го води првоосомничениот за рекетот Бојан Јовановски Боки 13.
Таа е една од двајцата пратеници на СДСМ кои беа на распит како сведоци во обвинителството.
Сега таа веќе е осомничена. Партискиот претседател и премиер Зоран Заев првично најајвува санкции и партиско бркање за сите функционери кои ќе бидат опфатени со рекет.
Таа денеска даваше исказ во Кривичен, а по еден час распит осомничената пратеничка Фросина Ременски изјави дека не чувстува вина за проширената истрага за Рекет.