Семејството Марјановиќ во Борча каде беше убиена Јелена, вчера го посети еден маж, извесен С.И. кој тврди дека знае како е убиена пејачката. Два месеца по убиството се појави сведок кој тврди дека ѕвездата на Гранд е убиена со француски клуч, а не со камен.
Екипата на српскиот Телеграф го затекна пред куќата на Владимир Марјановиќ, свекорот на Јелена, кој разговарал со мистериозниот човек.
Тој на Владимир му дал писмо за Зоран, сопругот на брутално убиената Јелена, и му раскажал дека е убиена со француски клуч.
Тој тврдел дека до сега неколку пати им се обратили на инспекторите.