Два земјотреси го стресоа Скопје вечерва


2 последователни земјотреса вечерва во 19 часот и 53 минути повторно го потресоа Скопје и околината.zemjotres5466

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека првиот земјотрес бил со магнитуда од  2,4, а вториот од 4,0 степени според Рихтеровата скала.

Почувствувани се во Скопје и околината со интензитет на првиот од III степени и на вториот од VI степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот и на овие земјотреси бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје.

Претходно, земјотреси со магнитуди од 2,3 и 3,7 степени според Рихтеровата скала го потресоа Скопје денеска во 11.50 минути и во 14.19 минути.

Денешните четири земјотреси се дел од серијата потреси што го погодија Скопје и околината во изминатите два дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1