Два земјотреси ја стресоа Македонија


Земјотрес од 3,2 степени според Рихтер пред повеќе од половина час бил почуствуван во близина на Ресен.

Според Европскиот сеизмолошки завод потресот бил на 5 километри северозападно од Ресен и 4 километри западно од Јанковец на 2 километри длабочина.

Пред еден час пак жителите на Пехчево почуствувале потрес кој бил со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот бил на 6 километри западно од Пехчево и 8 километри северно од Владимирово, исто така на 2 километри длабочина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1