Двајца Македонци ограбувале туристи во Грција


Двајца македонски државјани во изминатите 2 месеци ограбувале туристи на граничниот премин Богородица, пренесе Канал 5.

Македонските државјани во Грција оштетувале гуми на автомобили, па им нуделе помош на оштетените, по што ги ограбувале.

djeparosГрчката полиција завчера уапси 27 и 40 годишен Македонец, во моментите кога провалиле во паркиран автомобил и одзеле еден паричник и еден лап топ. Според полицијата, разбојниците имале добро испланирана тактика која ја употребувале за да земат што им дојде при рака од автомобилите.

Македонците со остар предмет ги дупнувале гумите, па се оддалечувале од местото, по што го следеле возилото велејќи дека ќе му помогнат и така краделе.

Тие направиле штета од околу 6000 евра, а во моментот на апсењето кај нив се пронајдени  575 евра, 2600 денари и 60 српски динари.

Maxim.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1