Две млади лица загинаа на автопатот Тетово –Скопје во саботата вечерта во сообраќајна несреќа во која учествувал мотоцикл
Според тетовската полиција, несреќата се случила по 20 часот кај бензинската пумпа „Петрол Компани“, и во неа смртно настрадале две лица на мотоцикл, на 20 и на 25-годишна возраст.
Според првичните процени, момчето кое управувало со мотоциклот загубило контрола, при што излетале од патот
Увид на местото извршиле екипи на полицијата и јавниот обвинител