Двајца полицајци повредeни од камења при денешните протести


Двајца полицајци се пожалиле на повреди здобиени од фрлените камења од страна на учесниците во денешниот протест, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според проценките на МВР, на денешниот протест што почна од Џамијата Јаја Паша учествува над сто лица, од кои најголем дел малолетни.

g_pro334“Истите се упатија кон зградата на Владата на Р. Македонија, но во близина на стоковната куќа ’Мост’ беа спречени од страна на полициските службеници. Дел од нив започнаа со каменување кон полицијата по што следеше интервенција, а групата се растури. Двајца полициски службеници се пожалија на телесни повреди здобиени од каменувањето, а досега не е пријавена материјална штета“, се вели во соопштението од МВР.

МВР најави дека во следниот период ќе се работи на идентификување на учесниците по што ќе следуваат соодветни пријави.

Нет прес

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1