Двајца приведени во Куманово за нарушување на гласањето


Полицијата привела две непознати лица кои со насилно однесување сакале да го нарушат изборниот процес на две избирачки места во Куманово информираат од Општинската изборна комисија.

kumanovo_cetnar-2-И покрај полициската интервенција, гласањето се одвивало непречено.

Неколку поплаки имало и кај заменик народниот правобранител Насер Весељи.

Жители на Кратово пријавиле дека во селото Жидилово едно лице со службено возило без регистарски таблички превезувало група грагани на гласање. Тој посочува уште едно нарушување на изборниот процес во близина на средното техничко училиште ,,Наце Буѓони,, каде пред избирачкото место бил напишан навредлив натпис за лицата од албанска националност поради што многу грагани не сакале да гласаат.

Канал 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1