Двајца Сиријци мачеле и убиле 19 годишен Србин во Салцбург


Убиството на српскиот државјанин Александар Марковиќ во Салцбург, кој на 10 јули беше пронајден врзан во када, конечно е решено, а злосторството го признале двајца Сиријци, пренесе Б92.ubistvo wc kada krv

Во соопштението на полицијата се наведува дека двајца 19-годишни Сиријци признале дека имале намера да ја ограбат жртвата. На Марковиќ му биле врзани рацете и нозете кога полицијата го нашла откако влегла во станот.

Исчезнувањето на синот го пријавил неговиот татко во саботата по полноќ, откако Александар, кој бил музичар, неколку часа не одговарал на телефон.

Полицијата прво се обидела да го лоцира неговиот мобилен телефон, а откако не успеала, се посомневала дека доживеал несреќа.

Во бањата на станот, во када без вода, тие го нашле мртвото момче, облечено, со раце и нозе врзани со селотејп, со модринки и повреди на лицето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1