Двајца Срби преживеале ебола и се вратиле дома!


Двајца Срби од Белград преживеале ебола и дури откако сто отсто биле сигурни дека се излечени, се вратиле дома, јави Блиц.

Двајцата Срби до пред месец дена биле под надзор на лекарите. Тие биле целосно излечени, а им останал и имунитет на ебола.ebola-lek-652x320

Се работи за здравствени работници кои во Србија се вратиле пред четири, односно три месеци. Биле ангажирани во италијанска теренска болница во најзагрозениот град Сиера Леоне и лечеле инфицирани од ебола. Не сакале за тоа да се зборува во јавност, па само на семејствата им кажале дека се заболени од опасниот вирус.

Србите, откако дознале дека се инфицирани со ебола, побарале да останат во Сиера Леоне, и воопшто да не се враќаат во Србија, што на некој начин е херојско дело. Не сакале да го донесат вирусот во Србија.

Откако добиле сертификат дека веќе немаат ебола, добиле можност да патуваат и дошле во Белград, каде на аеродром, според процедурата, ги дочекале санитарни инспектори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1