Двајца тетовци чекаат влез во Гинис


Симеон Златев – Моне со својот најмал етнолошки музеј, Горан Хаџи Иљоски – Чајка пак, со својот подвиг-со врзани очи на мотор, да ја извози едната лента од автопатот Тетово-Гостивар, пренесува телевизија „Алфа“.

simeonИ двајцата чекаат влез во гинисовата книга на рекорди. Музејот на Моне, сместен во тетовско Џепчиште, е голем само 7,2 М2, а во него има преку 1000 разни експонати, стари со векови. За музејот ја информирал дури и кралицата Елизабета II од чија Палата добил и одговор и поддршка, но не му е јасно вели, зошто одговорот од Гинис го чека веќе 10 години.

Чајка пак, да биде впишан во Гинис чека три години. Овој познат тетовски авантурист и љубител на екстремни спортови, веќе девет пати ја извозел едната лента на автопатот со врзани очи на мотор.Тој е и првиот што се искачил на врвот на Шара со автомобил, а има и низа други подвизи.Очекува претставниците на Гинис, неговите возачки способности, да ги видат есенва. Тешко ги добил, но нивното доаѓање било одложено поради негова повреда.

 И Моне и Чајка велат, дека би било многу убаво двајца тетовци да бидат дел од книгата на рекордите, оти така би се промовирало и Тетово. Но, согласни се дека, со или без Гинис, си ја продолжуваат својата работа и хоби, дури со поголем ентузијазам и љубов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1