Секторот за внатрешни работи Битола, Одделението за Криминалистичка полиција, презеде мерки и активности и го расчисти случајот кога на Водици во Битола на ул.Широк Сокак на фасадата од зградата беа испишани графити со говор на омраза на македонски и албански јазик.
Во полициска станица повикани се две лица од Битола, од кои едното е малолетно, а другото е на возраст од 19 години и извршен е разговор со истите.
Против сторителите, по целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.