Двајца војници ранети во тетовската касарна


Изутринава во тетовската клиничка болница донесени се двајца војници со прострелни рани пишува сакамдакажам.мк.Според директорот на тетовската болница Флорим Бесими, двајцата војници имале прострелни рани од огнено оружје во пределот на карлицата а неофицијално, според првичните информации од тетовската касарна, војниците се повредени од невнимание.

Двајца припадници на АРМ од тетовската касарна утринава се здобиле со тешки телесни повреди за време на вежбата која што ја имале утринава, додека го чистеле оружјето.

Повредените се донесени во болницата во Тетово со прострелни рани, но поради сериозноста на повредите и по првичната интервенција се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје.

Од тетовската болница информираат дека војниците биле со прострелна рана и повреди на екстремитетите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1