Две лица загинаа рано изутринава во сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош.
Во несреќата загинале возачот на такси возило „мерцедес“, 35-годишниот В.А., како и 37-годишната патничка К.С.
Полицијата информира дека несреќата се случила околу 3:30 часот кога возилото од засега неутврдени причини излетало од коловозот, удрило во жардинера и потоа во дрво.
Екипа на СВР Скопје изврши увид на местото на несреќата, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени во Судска медицина.
Се работи на целосно расчистување на случајот, како и на утврдување на тоа дали жената во возилото била патник, односно ги користела услугите на такси компанијата или била сопатник.