Двајцата посетители на Груевски од Царината преместени на нови работни места


Двајцата вработени во Царинската управа кои го посетија поранешниот премиер, а сега бегалец Никола Груевски во Унгарија се прераспределени, соопшти денеска директорот на Царината Ѓоко Танасоски на прес-конференцијата по доделувањето на лиценца за овластен економски оператот.

– Александар Трајковски е оставен на исто ниво, бидејќи беше раководител, само на друго место, а вториот е преместен од архива во магацин. За двајцата се води внатрешна истрага и да почекаме да видиме што ќе покаже таа. Во однос на вториот постител на Груевски сѐ уште се водат предистражни дејствија кои ги води обвинителството и не би се мешал во тоа – рече Танасоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1