Двапати го победи ракот на дојка: Познатата пејачка покажа како после се


Познатата американска пејачка Анастасија (48) далечната 2003 година дозна дека боледува од рак на дојка, кој успеа да го победи, но по 9 години ракот и се врати. Таа одлучи да направи двојна масектомија, па ја отстрани можноста и по трет пат да ја води битката со овој тип канцер.

Како што со тек на годините и растеше и самодовербата, одлучи на сите да им покаже како изгледаат нејзините гради по операцијата, која беше неопходна во нејзиниот случај.

Сликата на која најзиното деколте е во прв план го постави на социјалните мрежи и за ова издание доби исклучителни пофалби од обожавателите, на кои им се допадна што се осмели на овој чекор.

Да потсетиме, Анастасија музичката кариера ја почна од 2000 година, а некои од нејзините песни станаа хитови: “I’m Outta Love”, “Left Outside Alone” и “Everything Burns”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1