Крадец на автомобил бил принуден да го запре украденото возило само неколку минути потоа и да ги ослободи децата на задното седиште откако 7-годишни близаци го нападнале со змија – играчка.
Колата е украдена од домот на Луција Лозада во Сан Антонио, Тексад во четвртокот, додека мајката на две машки близначиња и на едногодишно дете ги оставила сами а таа стоела на 2-3 метри од возилот.
Семејството се подготвувало да оди во црква и таткото на детето влегол во куќта да го земе шишенцето за бебето, кога крадецот се пикнал во возилото и тргнал заедно со воинствените децата кои веднаш го нападнале непознатиот.
Едниот близнак го удирал со боксови по лицето, додека другиот со својата гумена змија.
Мајката го препознала грабнувачот и веднаш повикала полиција, а само 10 минути од повикот, децата се пронадени оставени во соседството, а киднаперот избегал неможејќи да ги поднесе децата ги оставил и побегнал со возилото.
Според полицијата намерата на крадецот воопшто не му биле децата, туку Нисанот во кој се возеле. Според бабата на децата тој пред да излезе од автомобилот им прижил рака на храбрите момчиња и дури не им го украл ниту таблетот.
Кога ги оставил, момчињата не знаеле точно каде се, и на ум им било тоа што родителите им рекле да не разговараат со непознати, па на улицата виделе едно девојче и на нејзе и пријавиле дека биле украдени.
Потрагата по крадецот се уште трае.