Дете од Скопје, на возраст од две и пол години, синоќа починало на Детската клиника во Скопје, каде било сместено повеќе од еден месец борејќи се со неколку посериозни заболувања.
Во текот навчерашниот ден доаѓа неговата состојба нагло се влошила и било префрлено Одделот за Интензивна нега и терапија, но сите обиди за реанимација останале без успех.
– Пациентот Ј.Ц , роден 2015 година е примен на Клиниката на 7 јануари во тешка состојба, со покачена телесна температура и наод кој одговара на акутна бронхопневмонија. Пациентот е хоспитализиран на Одделот за пулмологија од каде во неколку наврати поради влошување на состојбата бил лекуван и на Одделот за Интензивна нега и терапија. Лабораториски за време на престојот е докажана инфлуенца Б“ – соопштија од Клиниката за детски болести.
Детенцето имало Даунов синдром, по раѓањето му било дијагностицирано хипотиреоза, кај кој по раѓањето е дијагностицирана хипотиреоза и Вест синдром – тешко неврололошко нарушување кое предизвикува епилептични напади поради кои пациентот прима редовна антиепилептична терапија.
Во текот на минатата година Ј.Ц бил во неколку наврати лекуван на Клиниката за Детски болести од пролонгирана и комплицирана пневмонија.