Непознато лице синоќа околу 21:45 часот, на ул. „Солунска“ во Битола со остар предмет во пределот на стомакот ги прободел А.И.(37) и Ј.И.(38).
Причината за нападот засега не е позната.
Повредените се пренесени во Клиничката болница во Битола каде им се утврдени тешки телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.