Две лица се уапсени во германскиот град Дуизбург, под сомнение дека подготвувале терористички напад, соопшти изутринава полицијата.
Осомничените, двајца браќа од Косово на возраст од 28 и 31 година, планирале напад врз трговски центар во Оберхаузен.
Властите истражуваат до која фаза на подготовка за нападот стигнале двајцата браќа и дали се вмешани и други лица.
Полицијата соопшти дека во регионот на трговскиот центар и на божиќниот базар, кој е рамки на центарот се воведени зајакнати бебедносни мерки.