Две лица починале на Инфективната клиника во Скопје, потврдуваат од Министерството за здравство.
Според информации од таму, во моментов заседава Комисијата за заразни болести, а се очекува во 14 часот претседателот на Комисијата Звонко Миленковиќ да соопшти официјални информации.
Неофицијалните информации кажуваат дека на Инфективна биле хоспитализирани петмина пациенти од гостиварско, во тешка здравствена состојба, и дека болеста брзо прогресирала, поради што двајца од нив починале.
Лекарите се сомневаат дека целото село е заразено и очекуваат нови пациенти. Според едни извори станува збор за западно нилска треска, односно од вирус кој што го пренесува тигрестиот комарец. Други пак велат дека станува збор за туларемија, болест што ја пренесуваат глувци, глодари, змии и лисици.