Две од 11-те деца кои беа повредени во тешката сообраќајна несреќа што на 1-ви мај се случи во близина на кочанското село Оризари се’ уште се во критична состојба, додека две се веќе пуштени на домашно лекување.
Tројца од повредените се на централно интензивно лекување на КАРИЛ, пет од повредените деца се на Клиниката за неврохирургија , а едно е префрлено на пластична хирургија.
Во критична состојба се уште се едно момче и едно девојче. Момчето е на интензивно лекување на Неврохирургија и е на механичка вентилација. 13- годишното девојчето, пак, поради тешки повреди на главата и на белите дробови, се наоѓа на механичка вентилација.
Докторите секој момент ја следат нивната состојба. Сепак, на поголемиот дел од повредените деца состојбата значително им се подобрува.