Двете сестри од Босна се сретнале за прв пат по 72 години, благодарение на социјалната мрежа Фејсбук.
Се немале видено уште од 1941 година. Хедија Талиќ (82)тогаш имала 10 години се одделила од семејството додека тие заедно бегале од нивното село во северозападна Босна, на почетокот на Втората светска војна, завршила во дом за сирачиња во Бања Лука, родителите починале, а нивниот брат емигрирал во САД.
Таа живеела во село во близина на Тузла, а нејзината сестра Тања Делиќ (88) живеела во друго село на само 200 километри раздалеченост.
Најстариот син на Хедија, Фикрет се заинтересирал за семејните корени и ја принашол својата братучедка – ќерката на неговата тетка Тања на Фејсбук. И пишал и воспоставиле контакт. Изгубените сестри за прв пат се слушнале по телефон, а по некое време и се сретнале. Се видела за прв пат по 72 години.
,,Мислев дека немам веќе никој од фамилијата, изгубив надеж. Но еве, пресреќна сум – повторно имам сестра, рекла Хедија.