Петгодишно дете го загубило животот, а 19 лица се повредени во силната бура проследена со двојни торнада што го погодиле градот Пилџер, на североистокот на сојузната американска држава Небраска.
Ударите биле дел од торнадата “супер-ќелии” од класата EF-2 или EF-3, што значи дека ги следел ветер со брзина до 265 километри на час, изјавил Рич Томспон, метеоролог го Националниот центар за предвидување на невреме во Оклахома.
Повредените биле згрижени во три регионални болници, а едно 5-годишно дете починало од добиените повреди, соопштиле властите.
Селото Пилџер за време на вечерта било евакуирано, а сите патишта кон истото се затворени.
Пилџер, место со околу 250 жители, поднело најголем удар, откако торнадото го погодило во попладневните часови по локално време.
“Пилџер повеќе не постои. Торнадото го уништи”, рекол Сенфорд Гошорн, директор на службата за итни интервенции во округот Стентон. Голем дел од жителите сами нашле сместување кај роднини или пријатели.