Двегодишно дете е најмлад пациент во Македонија што боледува од тироида


Расте бројот на лицата кои имаат проблеми со тироидната жлезда, особено расте бројот на карциноми на штитната жлезда. Како што предупредуваат лекарите ако порано годишно имало по 20 до 30 карциноми на штитната жлезда, последниве години таа бројка се удвои и има 50 до 60 карциноми во една година.lekar44

Иако болеста е покарактеристична за постарата популација, се повеќе млади страдаат од тироидата при што најмладиот пациент во земјава е две години, а најстариот над 80 години.

Ова се дел од согледувањата што ги покажале резултатите од кампањата “Виолетов караван 2016”, организирана од здружението “Борка” и стручни лекарски тимови од Клиниката за ендокринологија и од Институтот за патологија.

Така од прегледани околу 2.000 пациенти кај секој четврти е откриен тироиден јазол, а половина од оние на кои ова им бил прв преглед се испратени на дополнителни испитувања. Од прегледаните 87,2 проценти се жени и 12,7 проценти се мажи. Околу 1.400 од пациентите биле на возраст до 59 години, а другите над 60 години. Првпат преглед направиле 1.500 пациенти, а променета структура на жлездата имало кај секое петто лице.

Според д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за ендокринологија за оваа болест многу се важни превентивните прегледи.

– Најризична група се повозрасните лица, особено жените, а доминира популацијата од 39 години и нагоре. Но, тоа што особено загрижува е дека и кај децата се забележува раст на тироидните заболувања – посочи Ахмет и додаде дека важна е превенцијата, адекватно да се внесува јод во организмот, укажа д-р Вењамин Мајсторов од Институт за патолошка физиологија и нуклеарна медицина.

Кампањата е спроведена во седум града во Македонија во периодот од 23 до 29 мај, со цел да се подигање свеста за болестите на тироидната жлезда. Токму овие последни резултати укажуваат на недоволна информираност на населението за сериозноста на болестите на тироидната жлезда.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1