Двомесечно бебе е најмладиот жител во Битола кој е заразен со коронавирус. Според податоците од Министерството за здравство се заразило од близок член во семејството, односно од неговата баба, пишува СДК.мк
Од таму додаваат дека во потесното семејство на бебето, исто така и мајката е позитивна на ковид-19.
Бебето во моментов е под надзор на матичен педијатар, со лесна клиничка слика.
Инаку, во месец август беше заразено и тримесечно бебе кое успеа да го победи вирусот.
Според здравствената евиденција од коронавирус се имаат заразено и неколку деца, но вирусот поминал без поголеми проблеми. Кај тригодишно дете болеста е уште во тек.