Е ова е месечна плата – Директорот на Макпетрол зема 11.000 евра месечно


Околу 11.500 евра месечно како приходи пријавил директорот на Макпетрол, Андреа Јосифовски, јавува Утрински весник

andreja-josifovski„Во годишниот извештај на „Макпетрол“ објавен деновиве на веб-страницата на Македонската берза за хартии од вредност, стои дека Андреја Јосифовски, како претседател на Управниот одбор на компанијата, лани од плата и надоместоци заработил 8,5 милиони денари, или 138.000 евра, односно месечно добивал 11.500 евра. За него вчера беше објавено дека ќе земе над 67.000 евра дивиденда од „Оилко“, како втор по големина акционер во компанијата.“ – пишува Утрински:

Дебел паричник има и директорот на Прилепска пиварница,

„Пред неколку дена и „Прилепска пиварница“ ги објави платите на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на компанијата. На претседателот на Управниот одбор, Кирил Самарџиоски, лани му биле исплатени бруто-надоместоци во висина од 8,5 милиони денари или 138.000 евра. На Сашко Самарџиоски, член на УО и генерален директор, му била исплатена плата во бруто-износ од 2,6 милиони денари или 42.850 евра, а слична плата земала и Панде Самарџиоска, член на УО и заменик-генерален директор“ – пишува Утрински весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1