Е ова е мрза: Бил на боледување 35 години, па отишол директно во пензија


Звучи како дело на Балканец, ама всушност се работи за Карло Кани – рудар од Италија.

Уште во 1980-тата година, Карло заминал на боледување и никогаш не се вратил на работа. Од што пател? Наводно, клаустрофобија. Во 2006-тата заминал директно во пензија, исполнувајќи ги сите услови поставени од италијанската држава. Да биде уште позабавно, пред да земе боледување, тој во рудникот работел само неколку дена, по што пошол на доктор да се пожали колку му е тешко.

Stop-the-Laziness-650x325

„Рударството никогаш не ми се допаѓало. Признавам, дојдов до пензија без да работам ништо, никогаш. Секогаш правев се што можев, само за да не влезам во јама. Неколку доктори ми помогнаа во тоа“, признава измамникот.

Во текот на тие 35 години, Карло користел разни изговори за да го продолжи боледувањето. По клаустрофобијата, „имал“ хемороиди, па амнезија, а кога му снемувале изговори, триел прашина од јаглен во очите, за да изгледа болен.

„Воглавно, седев дома и слушав џез. Ја сакам таа музика. Сепак, во последните неколку години уживав седејќи на фотелјата и не правејќи буквално ништо“, вели овој шампион во мрза.

Италијанските медуими му се израдуваа на целиот случај и го искористија за да укажат на еден куп дупки во законот за работни односи, кои Италијаните со радост го користат за да се „закачат“ на државниот буџет. Во меѓувреме, Карло слуша џез.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1