Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ цените на горивата ќе се намалат во просек за 2.83%.
Согласно методологијата за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени се намалуваат во просек за 2.83%. Тоа значи дека од вечерва на полноќ ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продаваат по цена за 4 денари пониска од сегашната – еден литар ќе се продава по цена од 79.50 односно 81 денар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1.50 денари и еден литар од ова гориво ќе се продава по цена од 71.50 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.