Е тоа е Евроспка Унија – Хрватска остана без јајаца – не смее да произведува ако не се по ЕУ стандарди


Фармерите во Хрватска од следната година може да се соочат со проблем, да не можат да одгледуваат кокошки носилки, бидејќи опремата и стандардите не се на нивото на ЕУ. Условите кои ги прифатија хрватските преговарачи со Унијата, во моментов не се задоволени кај најголемиот дел од фармерите.

2011-04-05-08-40-58-4-the-egg-yolk-color-is-determined-by-what-the-hen-aХрватска е една од ретките земји која потребите за јајца ги задоволува со целосно домашно производство. Јајцата спаѓаат во групата од 6-7 земјоделски производи, кои Хрватска ги произведува во количини доволни за сопствени потреби. Според статистиката, годишно се произведуваат околу 750 милиони јајца, или 175 по жител. Но тоа нема да биде веќе така и ќе мора да ги увезува ЕВРОПСКИТЕ јајца кои се нели по ,,стандардите,,

Доколку договореното и наметнатото од ЕУ почне да важи проценките се дека следната година, Хрватска може да остане без домашни јајца, бидејќи над 90 насто од фармите ќе мора да затворат бидејќи не ги исполнуваат стандардите.

Според податоците на Министерството за земјоделство, во Хрватска има регистрирано 165 фарми, со капацитет од 100 до 259.200 кокошки. Според тие податоци, капацитетот на сите фарми е 2.400.092 кокошки, но поради празните кафези, вкупно има 1,63 милиони.

Шансите сите сопственици на фарми, да ги заменат старите кафези со нови, модерни, кои ги задоволуваат ЕУ стандардите се минимални бидејќи тоа е многу скапа инвестиција а тие едноставно немаат пари. За еден кафез, треба да се вложи најмалку 20 евра, а тоа значи дека за сите 1,63 милиони кокошки, потребни се 32,6 милиони евра, пари кои произведувачите ги немаат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1