Еден ден ќе ви го најдам селото: Селото на штрумфовите останува плава атракција (Видео/Фото)


Селото Јузкар, во близина на Малага во шпанската провинција Андалузија има околу 220 жители и површина од 33 километри квадратни, денес е една од главните шпански атракции.
selo na strumfoviДо пред две години, ова место било обично село, а денес живеат од туризмот  благодарение на продуцентите од “Sony Pictures” студиото. За потребите на премиерата на филмот штрумфови продуцентите во 2011 година барале село во Андалузија чии што бели куќи би биле обоени во сина боја, изборот паднал токму на селце.

Жителите се согласиле ама барале откако ќе помине лудилото со премиерата да им ги обојат кучите повторно со вар. За да се добие селото на штрумфовите се потрошиле 4.000 литри сина боја . селото станало вистинска атракција. Дури и дечињата се облекувале како туристи, на крововите се поставиле штрумфови – се со цел да се задоволат туристите кои со парите кои ги трошеле го кренале селцето на нога.

По шест месеци, во селото дошле продуцентите за да си го одржат ветеното и да ги префарбаат кучите во бело – но жителите гласале да се задржи штрумфовското село – од 220 жители дури 140 гласале дека сакаат нивните домови да го задржат штрумфовскиот изглед, а само 30 рекле дека назад ја посакуваат белата боја на куќите. Така, одлуката била донесена и Јузкар останува Селото на Штрумфовите.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1