Оваа сабота следува уште едно одлично издание на најгледаното ток-шоу во земјава, „Еден на Еден“.
Со почеток во 19 и 15 часот на телевизија Телма ќе имате можност да го погледнете ексклузивното гостување на една од нашите најпознати актерки, водителки, а од неодамна и писател, Весна Петрушевска – Бејби. Причината за гостувањето е тоа што Весна пред неколку недели ја објави својата автобиографска книга „Трофеј“, во која таа го опишува својот турбулентен живот во детали.
Во емисијата Жаре и Весна зборуваа отворено за поранешниот брак, за инцидентот поврзан со нејзината ќерка кој летово ја турна Весна во депресија и многу повеќе. Уште поважно, веселите мигови нема да изостанат и меѓу другото ќе бидете сведоци на неколку игри во кои Жаре и Весна ќе ве насмејат до солзи!
Затоа, не ја пропуштајте оваа епизода од вашето омилено ток-шоу, сабота во 19 и 15 часот на Телма