Еден од најбогатите луѓе во светот тврди: Вештачката интелигенција ќе нè уништи!


Машините би можеле да бидат одговорни за крајот на човештвото, песимистични се научниците.

Луѓето би требало да бидат загрижени поради заканите кои се кријат во вештачката интелигенција, рекол Бил Гејтс, наведувајќи дека не може да ги разбере оние кои не се свесни дека вештачката интелигенција би можела да се развие до мерка кога луѓето нема да можат да ја контролираат.kompjuter internet vestacka intelegencija

“Како прво, машините ќе работат сè повеќе работи наместо нас, што е добро, но само доколку можеме да ги контролираме како што треба, но поради нивната интелигенција мора да бидеме внимателни”, предупредил Бил Гејтс, пренесува BBC News.

Со него се согласуваат и Илон Маск, претседател на “Space X” и “Tesla Motors”, како и научникот Стивен Хокинг. Двајцата предупредиле на можноста дека вештачката интелигенција би можела да излезе од контрола.

bil gejts

“Машините би можеле да бидат одговорни за крајот на човештвото”, песимистичен е Хокинг.

Гејтс, Маск и Хокинг со своите изјави се спротивставиле на изјавата на Ерик Хорвиц, еден од лидерите на Одделот за истражување во “Microsoft”, кој рекол дека вештачката интелигенција, генерално не може да се гледа како закана.

“Постои загриженост дека ќе ја изгубиме контролата над некои облици на вештачка интелигенција. Мислам дека тоа нема да се случи”, рекол Хорвиц.

Реј Курзвел е најпознат светски футуролог за кој Бил Гејтс рекол дека е најдобро лице кое може да ја предвиде иднината на вештачката интелигенција. Но, освен предвидувањата поврзани со вештачката интелигенција (АИ), Курзвел во текот на последните 20 години одлично предвидел многу настани и нешта кои денес ги користиме, а како што тоа го навеле на страниците на Singularity Hub, неговите предвидувања се фантастични и важни потсетници како живееме во највозбудливото време во човековата историја. Тој исто така во почетокот на 90-тите предвидел дека компјутерот до 1998 година ќе го победи секој шаховски првак, како што до 2010 ќе може да одговара на прашања врз основа на информации кои ќе се собираат од интернет, предвидел дека ќе разговараме со компјутерите и ќе даваме наредби (Сири, Гугл нау итн.), предвидел проширена реалност и многу други работи кои се остварија.kurzweil

Курзвел предвидел и компјутери кои ќе бидат интегрирани во очила како Гугл Глас, како и софтвер кој ќе може да преведува говор во реално време Скајп Транслејт. Токму поради неговите досегашни успешни предвидувања, исклучително е интересно да се следат неговите мислења за иднината, а ова се некои од предвидувањата за идните 25 години: До крајот на оваа деценија очила ќе пренесуваат слика директно на рожницата. Исто така, 10 терабајти компјутерска сила ќе чини околу 1000 долари.

Во текот на 2020 година ќе исчезнат многу болести бидејќи наноботите кои ќе се вбризгуваат во телото ќе станат попаметни од медицинската технологија која се користи. Туринговиот тест ќе стане само минлив, а на автопатиштата ќе се возат автомобили со кои ќе управуваат компјутери, т.е. софтвер.

До 2030 година чувството за виртуелна реалност ќе стане речиси вистинско, а до крајот на деценијата ќе можеме да ги аплоудираме своите мисли.

До 2040 година небиолошката интелигенција ќе биде милијарда пати поспособна од биолошката интелигенција, т.е. луѓето, а нанороботите ќе можат да произведуваат храна од воздухот.

До 2045 ќе можеме повеќекратно да ја зголемиме нашата интелигенција со поврзување на неокортекс со неокортекс во облакот.

Иако неговите предвидувања денес се сметаат за научна фантастика, треба да се наведе дека многу технолошки компании последните години инвестираат големи пари и средства во развој на вештачката интелигенција, во технологија за проширена стварност и виртуелна реалност (Facebook, Google, Microsoft). Исто така, на патиштата во САД веќе со години се тестираат автомобили со кои не управува човек, туку компјутери, а роботите секој ден се се понапредни и можат да ги вршат своите комплицирани задачи.

Гугл инвестира големи пари и во здравството, т.е. развива мали роботи кои треба да патролираат во нашите организми и за сите аномалии да ги известуваат паметните часовници и телефони со цел болестите и проблемите да можат да се излечат на почетокот, пред да се развијат, а конечна цел на екипата како Лари Пејџ е бесмртноста. На сите овие факти, како и на Мореовиот закон и експоненцијалниот развој на технологијата, Реј Курзвел ги темели своите предвидувања, а со оглед на тоа дека во досегашните предвидувања бил прилично точен, можеме да очекуваме и дека голем дел од сегашните предвидувања ќе се остварат во иднина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1