Еден од основачите на „Ејпл“: Се откажав од 67 милијарди долари, но никогаш не сум зажалил


Роналд Џералд Вејн им помогнал на Стив Џобс и Стив Возниак да го основаат Ејпл. Имал 10 проценти удел во компанијата, но ја напуштил по само 12 дена со 800 долари оштета.

Зошто не останав во Ејпл? Сите ми велат дека би бил многу богат. Веројатно би бил најбогат човек, но на гробишта, со смешка вели 82 годишниот Вејн, човек кој заедно Стив Џобс и Стив Возник ја основа компанијата во 1976 година.ronald-vejn-640x360

-Седнав на машина за пишување и го напишав договорот во три примероци, кои моравме да ги потпишеме сите тројца. Наредниот ден, компанијата беше регистрирана. Но 12 дена покасно го раскинав договорот, раскажува Вејн за „Business Insider“.

Вејн го запознал Џобс додека работеле заедно во Атаријо. Џобс таму работел како советник за изработка на видео игри.

-Се спријателивме, иако бев 20-тина години постар. Имав повеќе искуство од него во работата со компјутери и мислам дека поради тоа ме ценеше. Еден чукна на вратата на мојата компанија и кажа дека сака да основа компанија за компјутери, но дека Возниак се противи на тоа. Ме молеше да разговарам и со него по разговорот, Возниак се предомисли. Ме викнаа да им бидам партнер и се договоривме. Тие двајца имаа по 45 проценти во фирмата, а ја 10. Го наравив првиот логотип на Ејпл и прирачник за Ејпл-Ај, вели Вејн.

-Џобс веднаш се фрли на работа и на продавницата „The Byte Shop“ им понуди компјутери. Прифатија и се договорија со Стев да испорачаат 100 компјутери. Во тој момент ние немавме ниту еден. Потоа позајми 15.000 долари и купи делови да може само да ги состави. Но исто така не знаевме дека „The Byte Shop“ не е баш редовен плаќач. Бидејќи Џобс и Возниак немаа никаков имот, ни заштеда, целиот ризик од работата падна на мене. Имав куќа, автомобил, заштедевина. Тоа е една од причините поради која го повлеков потписот од договорот и го напуштив Ејпл, раскажва Вејн, но додава дека не била тоа главната причина.

Првото лого на Ејпл го изработил Вејн (според Википедија)apple-640x930

-Знаев дека стојам во сенка на џинови, уште тогаш видов дека тие двајца ќе бидат успешни. А јас во најдобар случај, би работел за нив во администрацијата и никогаш не би можел да реализирам ниту еден свој проект. Не сакав така да живеам така 20 години, вели Вејн и тврди дека никогаш не зажалил поради тој потег.

Тогаш го повлекол својот влог од 800 долари. Да останел сопственик денеска неговите 10 проценти би вредиле 67 милијарди долари.

-Искрено, секогаш сум се борел да преживеам. Никогаш не сум бил богат, но не сум бил ни гладен. Се сметам за среќен човек. Еве живеам во Невада и имам 82 години, а многумина би ми дале многу помалку години, низ смеа заклучува Вејн.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1