Еден приведен по инцидентот меѓу членови на ВМРО-ДПМНЕ и полицијата на Табановце


Едно лице е приведено во инцидент што се случил на граничниот премин Табановце за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролот на МВР Тони Јаневски за МИА кажа само дека во инцидентот е приведено едно лице затоа што нападнало полициски службеник.

Дел од медиумите јавуваат дека дошло до буткање меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и полицијата и дека еден од демонстрантите е повреден, а еден приведен.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека станува збор за уште една злоупотреба на институциите во политички цели и обид насилно да се спречат протестите против политичкиот прогон од страна на хунтата на Зоран Заев, кој изминатиов период незаконски притвораше уметници, режисери, оперски пејачи, пратеници и.т.н прогласувајќи ги без аргументи за терористи.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска од 17 до 18 часот ќе го блокира граничиот премин Табановце кај Куманово.

Партијата вечерва одржа протест и во Скопје пред Министерството за правда.

Видео – Сител.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1