Едно лице е убиено, а едно повредено во вооружен инцидент што попладнево се случил во тетовското село Мала Речица.
Како што потврдија од МВР, денеска околу 18.20 часот било пријавено пукање од огнено оружје во село Мала Речица. По излегување на лице место пронајдени се чаури и траги од крв.
Од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало.
Приведени се две лица во врска со инцидентот.