Еден загинат, а 70 повредени од ураган во северниот дел на Италија


Едно лице загина, а повеќе од 70 се повредени откако синоќа ураган ги погоди северните делови на Италија во реонот на Венеција, соопштија властите во областа Венето.uragan

Двајца од настраданите се здобиле со сериозни повреди и се наоѓаат во болница. Вкупно 150 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови поради предизвиканите материјални штети.

За помош во загрозените реони се испратени 20 медицински екипи и два хеликоптера.

Метеоролозите прогнозираа силни грмотевици во северниот дел на Италија по неподносливата горештина во последните денови. Температурите во северниот и централниот дел на земјата достигнаа 40 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1