Едно лице загинало, додека најмалку двајца се повредени по тешка сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 7 часот кај Крушевац.
Како што пренесува „Курир.рс“, автобусот се лизнал и преминал во другата коловозна лента, па дошло до судир со „фијат“.
Според неофицијалните информации, загинатиот е возачот на „фијатот“, кој бил на возраст од 26 години, додека бремена 24-годишничка е тешко повредена и лекарите се борат за нејзиниот живот. Повредена е и 22-годишна девојка, која седела на задното седиште во автомобилот.
Полицијата врши увид, а на возачот на автобусот му било одредено задржување од 48 часа.