Еден загинат и 12 повредени во нов инцидент во Баварија


Сириец, кому германските власти му го одбиле барањето за азил, е извршителот на нападот што се случи синоќа во вински бар во стариот дел од градот Ансбах, во близина на Нирнберг, соопшти денеска баварскиот министер за внатрешни работи, Јоахим Херман.

Во нападот, што се случи синоќа околу 22 часот и 30 минути, загинаа 27-годишниот бомбаш-самоубиец, а 12 други лица се ранети.bavarija

Според Херман, напаѓачот пристигнал во Германија пред две години и веќе два пати се обидувал да изврши самоубиство,

– Но, тој сега во ранец носел експлозив и метални делови кои требале да убијат што е можно поголем број луѓе, па затоа сметаме дека не станува збор за самоубиство, туку за намера да им се наштети на што е можно повеќе лица, рече Херман.

Сепак, според него, засега нема индиции, кои би укажувале дека зад овој напад стои групата Исламска држава.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, претходно германските медиуми, пренесувајќи информации од социјалните мрежи, јавија дека на еден човек, кој носел ранец, на два часа пред инцидентот, не му било дозволено да влезе на музичкиот фестивал што се одржувал во центарнот на Ансбах. Веднаш по експлозијата фестивалот е прекинат.

Ансбах е град со околу 40.000 жители, југозападно оф Нирнберг, крај кој постои американска воена база.

За само една недела најјужната и најбогатата германска покраина Баварија беше погодена од три сериозни инциденти. Покрај експлозијата во Ансбах, во првиот инцидент 17-годишен бегалец од Авганистан со секира нападна и повреди неколку луѓе во воз, а во вториот што се случи во петокот психички нестабилен Германец со иранско потекло уби девет и повреди 16 посетители во трговски центар во Минхен.

Предходно во текот на вчерашниот ден 21-годишен Сириец во градот Ројтлинген во покраината Баден Виртенберг со мачета уби една жена и повреди двајца други луѓе пред да биде уапсен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1