Едно лице загина, а едно повредено во сообраќајката на патниот правец Охрид-Кичево, јави Плусинфо.
Сообраќајката се случи доцна попладнево на магистралниот пат кај селото Песочани.
Во сообраќајната несреќа учествувале два автомобила со охридски регистарски таблички. Повреденото лице е пренесено во болница во Охрид.
На местото на несреќата се врши увид, а сообраќајот е привремено забранет.