Еди Рама шокираше на Фејсбук: Ги повика Албанците да им ја платат казната на Џаку и Шаќири


Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук ги објави официјалните сметки за уплата од страна на граѓаните за да може да им се платат казните за фудбалерите Џаку и Шаќири кои ФИФА ги казни поради покажување на симболот на двоглавиот орел на натпреварот со Србија.

„Не плашете се од орелот“, симболично е називот на иницијативата и сметката на која се собираат пари за, како што наведува Рама, „апсурдната казна“ која мораат да ја платат швајцарските репрезентативци. Тој ги повикува луѓето да уплаќаат симболични износи на дадената сметка.

Се наведува дека овие спортисти им донесоа радост на милиони Албанци.

-Овој симбол е наш карактеристичен начин на изразување во среќни прилики, напиша.

Да потсетиме, швајцарските репрезентативци со албанско потекло, Гранит Џака и Џердан Шаќири се казнети со по 10.000 швајцарски франци поради покажување на овој симбол.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1